Мората се враќа во Шпанија, ќе игра за Севилја до крајот на сезоната

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората ќе си замине од „Стемфорд бриџ“ оваа зима и ќе се врати во Шпанија. Тој е пред договор со раководството на Севилја, за да го носи дресот на овој клуб до крајот на сезоната како позајмен фудбалер од Челси.

Како што информира „Мундо Депортиво“, агентот на Мората, Хуанма Лопез, на почетокот на идната седмица ќе пристигне во Лондон да ја реализира оваа зделка, откако Мората дал зелено светло за своето враќање во Шпанија. Тој не успеа да се наметне кај новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари, а не сака да седи на клупата за резервни фудбалери. Како опција за Мората беше и повторното заминување во Италија, но очигледно дека Севилја е најконкретна во обидите да го добие поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и на Јувентус.

Се вчитува...