Напаѓачот на Челси, Алваро Мората не е омилена личност на „Камп Ноу“ стадионот уште од времето кога настапуваше за Реал Мадрид.
И во текот на синоќешниот натпревар во осминафиналето од Лигата на шампионите против Барселона, Мората беше изложен на постојани свирежи и навреди од трибините.
Иако на почетокот го игнорираше сето тоа, на крај сепак не можеше да издржи и и тој возврати со грд гест.
Шпанецот се сврте кон навивачите на Барселона и на вулгарен начин покажа што мисли за нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА