Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората пред почетокот на оваа сезона се врати во Реал Мадрид од редовите на Јувентус, но најголемиот период го минува на клупата за резервни фудбалери. Тоа само ги подгрева шпекулациите дека повторно ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на годинашниот шамионат. Тој не крие дека сака да има поголема минутажа, но одлуката ќе ја донесе по завршувањето на сезоната.
„Не е тајна дека сакам да играм повеќе. Среќен сум во Реал Мадрид, тоа е мојот клуб, но би сакал да имам поголема улога во тимот. Сепак, мое е да се наметнам, а тренерот Зинедин Зидан ја носи одлуката за составот. Не би сакал сега да коментирам за мојата иднина, секако дека ќе почекам да заврши сезоната пред да донесам некаква одлука“, изјави Мората за шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА