Мората стана татко на близнаци, Алесандро и Леонардо

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората стана татко на близнаците Алесандро и Леонардо. Неговата сопруга Алис Кампело донесе на свет близнаците, за кои Алваро истакна, ги чекале „цели три години“.

„Конечно, дојде 29 јули 2018 година, денот што го чекав целиот мој живот. Чекавме толку долго, а сега можам само да кажам, ти благодарам Алис за најубавиот подарок во мојот живот. Знам дека траеше девет месеци, а ние бевме нестрпливи, како да поминаа цели три години, но сега сум најсреќниот човек на светот и таткото на Алесандро и на Леонардо“, напиша Алваро Мората на Инстаграм.

Се вчитува...