Шпанскиот центарфор Алваро Мората жали што минатото лето се пресели во Милан од Атлетико Мадрид и не криеше дека инаетот и личните проблеми доведоа до грешка во неговата кариера.
Напаѓачот одигра само 16 натпревари за „росонерите“ и постигна пет гола, а италијанскиот клуб овој јануари го испрати на позајмица во Галатасарај.
Мората тврди дека одлуката да ја напушти шпанската престолнина е резултат на бројните повици на тогашниот тренер на Милан, Пауло Фонсека.
На местото на Фонсека дојде сонародникот Серхио Консеисао, кој сметаше дека Мексиканецот Сантијаго Хименез подобро се вклопува во неговата тактичка концепција.
„Не требаше да го напуштам Атлетико, но не се чувствував добро, а кога не се чувствувате добро, носите погрешни одлуки во секој аспект од животот. Сакав да се чувствувам сакано и ценето. Морав да донесам брза одлука, а не сфатив дека и Диего Симеоне се грижи за мене и ме ценеше“, изјави Мората.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА