Морати: Интер може и до титулата

Интер го совлада Милан со 3-2 во градската дерби пресметка на Милано, а тоа му направи голем ќеиф и на поранешниот прв човек на „нероаѕурите“, Масимо Морати. Тој смета дека Интер е кадарен дури и да ја освои шампионската титула оваа сезона.

„Секогаш е специјално за мене кога Интер ќе го победи Милан. Тоа е дуел на луѓето од Милано, кога же победи Интер, сте победиле и сите вие на кои клубот ви е при срце. Тимот одигра одлично. Ми се допаѓа што Спалети работи тивко, а резултатите дефинитивно имаат голем одек. Зошто да не, можеме да го победиме и Наполи“, изјави Морати за италијанските медиуми.

Се вчитува...