Јувентус освои нова титула во Серија А, го одбрани „скудетото“, а тоа на свој начин го прокоментира поранешниот сопственик на Интер, Масимо Морати. Тој смета дека „старата дама“ е моќна на сите полиња, а посебно кај судиите. Ова сигурно нема да им се допадне на раководните луѓе на Јувентус.
„Јувентус во Италија е најмоќен клуб и има најкомплетен тим. Затоа и освојува титули во континуитет. Клубот ужива голем респект кај сите, но мора да се признае дека најмногу кај судиите“, изјави Масимо Морати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА