Морбидна порака од навивачите на Атлетико: Обесија кукла со играч на Реал

Пред фудбалерите на Реал Мадрид и на Атлетико е градското дерби во рамки од 1/4 финалето на Купот на кралот, а атмосферата полека се вжештува. Во близина на кампот на Реал, се појави транспарент и морбидно обесена кукла на играч на „кралевите“.

На надвозник во Мадрид, се појави голем транспарент со натпис „Мадрид го мрази Реал“, а обесената кукла е Винициус, играчот на Реал Мадрид.

На повеќе локации во градот се појави ваков транспарент со ваква порака, но градските служби голем дел од нив веќе ги отстранија.

Се вчитува...