Морбидна порака од навивачите на Сампдорија: Оставиле свинска глава пред просториите на клубот (ФОТО)

Ако не се случи чудо во финишот од сезоната во Италија, Сампдорија идната година ќе игра во Серија „Б“. Славниот клуб од Џенова оваа сезона игра лошо, има само една победа во последните 12 кола и се наоѓа на осум бода од „сигурната зона“.

Навивачите за таквата ситуација ги обвинуваат челниците Масимо Фереро и Антонио Ромеи. Скандираат против нив, истакнуваат транспаренти, но овој викенд отидоа чекор подалеку. Пред клупските простории им оставиле кутија во која имало свинска глава со порака: „Масимо Фереро и Антонио Ромеи вашите глави се следни“.

Во понеделник Сампдорија гостува кај Лацио.

Се вчитува...