Морбидни сцени од Италија: Три крста, свински глави… на стадионот на Ливорно (ФОТО)

Морбидни сцени на стадионот на поранешниот член на италијанската Серија А, Ливорно, клуб кој изминативе години имаше големи финансиски проблеми по што испадна и до Серија Ц.

Но, ниту во Серија Ц не им цветаат розите. Во моментов се на 18. место па навивачите очајни бараат промени, на еден специфицичен начин одлучувајќи да се „пресметаат“ со раководството на клубот.

Во текот на вчерашниот ден на стадион се појавија три крста со имиња на челниците на клубот, отсечена свинска глава и порака: „Ќе платите за се. Скапо ќе платите!“

 

Се вчитува...