Мориентес: Меѓу Роналдо и Азар, јас го бирам Роналдо

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес смета дека ниту Еден Азар не може да го замени Кристијано Роналдо во дресот на „кралскиот клуб“.

„На прашањето дали би го замениле Азар со Роналдо? Кристијано е незаменлив“, изјави Мориентес. 

Кристијано Роналдо минатот лето замина од Реал Мадрид по девет поминати години и премина во Јувентус, а Еден Азар по седум поминати години во Челси, годинава потпиша за „кралевите“.

 

Се вчитува...