Мориентес: Многу е лесно да се „закопа“ Реал Мадрид кога ќе загубат два меча

Поранешниот легендарен фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес ги сподели своите импресии по победата на својот некогашен тим над Манчестер Сити од 3-0, во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Мориентес кажа дека никогаш не треба да се отпишуваат „кралевите“, па дури и кога имаат толку многу проблеми.

„Многу е лесно да се отворат вратите од ментална болница или да се закопа тим кога ќе загуби два натпревари. Дали го очекував тоа што се случи? Не, не го очекував“, рече Мориентес.

Се вчитува...