Морис сам си стави мета: „За Јокиќ нема место меѓу најдобрите 20 кошаркари“

Маркиф Морис се најде во центарот на вниманието на американската кошаркарска јавност со контроверзна изјава поврзана со српскиот центар Никола Јокиќ со кој во минатото имаше непријатна ситуација.

Гостувајќи на шоуто на „ЕСПН“ американскиот кошаркар изјави дека според него за Никола Јокиќ нема место меѓу најдобрите 20 кошаркари.

„Начинот на кој што игра и ја контролира играта е импресивен, играта се промени откако тој се појави, но и покрај тоа и тоа што е многу тешко да го чувате ако престане да игра денеска нема да кажеме дека е меѓу најдобрите 20 кошаркари“, изјави Морис.

Коментарот на Морис наиде на исмејување на социјалните мрежи каде се појавија лавина на коментари кои велат дека Американецот се нема помирено со конфликтот против Србинот во ноевмри 2021 година кога на натпреварот помеѓу Денвер и Мајами по удар од страна на Јокиќ се најде на паркетот.

Се вчитува...