Ајакс го назначи Морис Стајн за нов тренер, откако сезоната ја заврши на разочарувачкото трето место во холандскиот шампионат.
Поранешниот тренер на Спарта од Ротердам ќе го преземе клубот од 1. јули, а со Ајакс потпиша тригодишен договор. Овој 49-годишен стратег минатата сезона ја предводеше Спарта до изненадувачкото шесто место во тамошниот шампионат.
Во својата претходна кариера раководеше со холандските клубови АДО Ден Хаг, Венло и НАК Бреда, како и со Ал-Вахда од Обединетите Арапски Емирати.
„Во сите клубови за кои работеше, резултатите ги надминаа очекувањата… Подготвен е да направи чекор напред, сигурен сум во тоа“, изјави спортскиот директор на Ајакс, Свен Мислинтат.
Ајакс го отпушти тренерот Алфред Шројдер во јануари по лошиот почеток на сезоната и го назначи поранешниот дефанзивец Џон Хејтинг за привремен шеф на стручниот штаб. Клубот од Амстердам следната сезона ќе ги игра квалификациите за Лига Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

