Кошаркарите на Морнар стигнаа до првата победа сезонава во АБА лигата, откако го совладаа хрватскиот Задар на гости со 66-82. Црногорскиот тим уште во првата четвртина направи предност од четиринаесет поени 14-28, која до крајот успеа да ја задржи за конечен триумф од убедливи 16 поени разлика.
Џејкоб Пулен со 15 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека Смит мечот го заврши со 12 поени.
На натпреварот најефикасен беше Доменик Мавра од таборот на поразените кој заврши со 21 поен, од кои дури 15 беа од линијата за три поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА