Црвена Звезда ја запиша својата 20. победа во рамки на регионалната АБА лига над Морнар со 82-71 (9-23, 27-20, 21-13, 25-15) и изедначи стар свој рекорд од низа од 20 победи. Во последниот натпревар од 20. коло кошаркарите на Звезда беа на прагот првпат да загубат натпревар во тековната сезона од Јадранското напреварување, но кошаркарите на Морнар немаа доволно сила за сензација.
Црногорскиот состав одигра неверојатно прво полувреме. Во првиот период кошаркарите на Звезда загубија дури осум топки, а зонската одбрана на кошаркарите на Морнар им беше најголем адут. Но гостите од Бар како да заборавија колку долго трае еден кошаркарски натпревар. Во вториот дел, кој започна со водство од седум поени за гостите 36-43, кошаркарите на Морнар како да заборавија да играат. Деконцентрацијата, најверојатно поради фактот дека имаат предност пред Евролигашкиот состав си го направи своето, па опадна концентрацијата во целост. Веќе во третиот период „црвено-белите“ се вратија во ритам и го возвратија ударот. Во последните десет минути се влезе со 57-56, минимална рпедност за домашниот состав која до крајот на натпреварот продолжи да расте.
Симоновиќ постигна 15 поени и седум асистенции, по 12 поени реализираа Лазиќ и Џенкинс. За Морнар, најмногу се истакнаа Волер со 15 поени, по 10 постигнаа Татум и Павиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА