Морнар ја заврши ланската сезона во АБА-лигата на осмото место, но раководството на црногорскиот тим со уште поголеми амбиции влегува во наредното регионално натпреварување.
За таа цел Морнар потпиша нови договори со шестмина кошаркари од ланската сезона, потпишувајќи нови договори со Борис Бакиќ, Марко Чалиќ, Радоја Вујошевиќ, Марко Мугоша, Вукота Павиќ и со Емир Хаџибеговиќ. Покрај тоа, црногорскиот прволигаш се засили со три квалитетни кошаркари, плејмејкерот Немања Врањеш пристигне од Будуќност, Страхиња Миќовиќ дојде од Игокеа, а нов член е и Американецот Брендис Рос, кој имаше серија одлични настапи за бугарскиот прволигаш Берое, тим со кој стигна и до титулата во БИБЛ-лигата.
„Ќе разговараме и со капитенот Марко Мијовиќ веднаш штом се врати по настапите за репрезентаацијата во Кина, се надеваме дека и со него ќе потпишеме договор. Задржавме шест кошаркари, а доведовме и квалитетни засилувања. Рос беше лидер на Берое во успешната сезона на бугарскиот клуб, Миќовиќ има зад себе одлична сезона во Игокеа, додека Врањеш не ја доби шансата што ја заслужуваше во Будуќност, но тоа не го менува фактот дека станува збор за одличен плејмејкер. Сигурно дополнително ќе се засилиме, во тек се преговорите со уште три-четири сериозни кошаркари“ – се вели во клупското соопштение на Морнар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА