Морничаво: Последниот СМС на Сала – ако нешто тргне наопаку, да знаете што ми се случило

Пронајдените остатоци од авионот ја завршија потрагата по Емилијано Сала, кој трагично го загуби животот во авионска несреќа при патот од Нант кон Кардиф, каде утре требаше да го одржи својот прв тренинг со англискиот премиерлигаш.

Несигурноста на авионот е нешто на што Сала се жалел и при патот од Кардиф кон Нант, но сепак со истото летало се упатил назад кон Велика Британија, што се покажало кобно за 28-годишниот фудбалер.

Вечерва се обелоденети и детали од самиот кобен лет, откако Сала од авионот испратил морничава СМС-порака до свој близок пријател. Информацијата ја обелодени Уругваецот Диего Ролан, кој до пред неколку години настапуваше заедно со Аргентинецот.

„Емилијано му испратил СМС порака на свој близок пријател кого и јас го познавам. Му порачал дека се плаши, да знае што се случило ако нешто тргне наопаку“ – открива Ролан во разговор за една уругвајска радио-станица.

За жал, најцрните стравувања на 28-годишниот Аргентинец се оствариле, па иако неговото тело не е пронајдено со остатоците на авионот, речиси сигурно е дека овој фудбалски ас го загуби животот во трагичната несреќа.

Се вчитува...