Новото реми на Јувентус, десеттото во сезоната овој пат издвоено против последнопласираниот тим на табелата, Венеција со 2-2 наиде на големо незадоволство кај ултрасите на „старата дама“ кои истото го изразија до фудбалерите по крајот на средбата.
Во прв план се јави Душан Влаховиќ, српскиот репрезентативец кој влезе во расправа со нив па „топката“ мораше да ја смири и тренерот Тијаго Мота кој на пресконференцијата за медиуми повика на смиреност и верба.
„Фановите имаат слобода за да се изразат како што сакаат и да покажат емоции и чувства. Играчите се први кои сакаат да ги променат работите и да ги претворат нерешените резултати во победи. Ова не е добар момент за нас, но вакви работи се дел од фудбалот.
Ова не се случува првпат, но нема да биде ниту последен. Мора да бидеме сплотени и да одиме напред заедно. Сите сакаме да ја промениме оваа ситуација. Јасно е дека фановите ќе го искажат својот глас, но ние останува сплотени и уверени дека ќе ги промениме нештата“, изјави Мота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА