Мота ги брои последните денови, Јувентус веќе има фаворит за нов тренер

Тијаго Мота требаше да го препороди Јувентус по заминувањето на Масимилијано Алегри, но младиот стратег воопшто не ги оправда очекувањата на навивачите и управата на „старата дама“.

Јуве има само една победа во последните седум натпревари, игра крајно пасивно и неатрактивно, па не е нималку чудно што оние кои го донесоа сега му го вртат грбот на поранешниот стратег на Болоња. Како што информира телевизијата РАИ, Мота ги минува последните денови како предводник на најтрофејниот италијански клуб, а директорот Кристијано Џунтоли веќе почнал преговори со фаворитот за негов наследник, Игор Тудор.

Хрватот ги мина најдобрите играчки години во Јувентус, беше и помошен тренер додека шеф на стручниот штаб беше Андреа Пирло, а изразил подготвеност сега да се врати и како шеф на струката. Неофицијално, Тудор е подготвен да прифати и договор на пет месеци, со клаузула за нови две години доколку успее да го извлече Јувентус од летаргијата во која овој тим падна во последните месеци.

Се вчитува...