Мота го прекина молкот по отказот во Јувентус

Тијаго Мота беше разрешен од функцијата тренер на Јунвеутс по серијата на лоши резултати во која се најде „старата дама“. Неговото место го замени Хрватот Игор Тудор, но во јавноста се јавија разни шпекулации за начинот на кој тој добил отказ.

Се споменува телефонски разговор во кој му било соопштено да бара нова средина па се до жестока расправа со дел од раководството. Со цел да „ја смири топката“, Мота отказот го прокоментира за новинарската агенција „АНСА“.

„Доживеав интензивни моменти во Јувентус и секогаш се соочував со максимална посветеност и желба да се подобруваме од ден во ден. Благодарност до сопствеништвото за шансата која ми ја овозможија во овој голем клуб, благодарност до менаџментот и до сите луѓе кои ме поддржуваа во клубот од првиот ден.

Исто така сакам да им се заблагодарам на играчите за вложениот труд и посветеноста од првиот ден. Им посакувам се најдобро на Јувентус и фановите во периодот кој следи“, изјави Мота.

Се вчитува...