Мота горд: Јуве играше со срце и душа, но и со глава

Тијаго Мота имаше причина за задоволство откако неговиот Јувентус славеше во пресметката со Манчестер Сити, продлабочувајќи ја кризата на англискиот првак.

Влаховиќ и Мекени беа стрелци на головите за „старата дама“, но Мота потенцираше дека ова е тимска победа за која сите играчи дале огромен придоне.

„Игравме со срце и со душа, но исто така и со глава, со желба на вистински начин да ја завршиме работата. Знаевме уште пред мечот дека ќе мораме да се браниме подлабоко од вообичаено, но го направивме тоа тимски и одлично ја завршивме работата.  Исто така и во нападот, бевме трпеливи, чекавме да ни се укаже вистинска можност и тогаш реализиравме. Ова е заслужена победа, сите одиграа на високо ниво, имавме и неколку играчи кои се враќаа по повреди, јасно е дека медицинскиот тим заврши добра работа за да ги оспособи за овој важен меч“, изјави Мота.

Јувентус со оваа победа се искачи на 14. место на табелата со 11 освоени бода, седум помалку од лидерот Јувентус.

Се вчитува...