Мота ја отвори душата: Јуве требаше да ми даде уште време

Тиаго Мота даде опширно интервју за „Кориере дела сера“ и ги допре сите актуелни теми по неговиот отказ во Јувентус.

Откако пред две недели ненадејно беше отпуштен од функцијата тренер на Јувентус, Тиаго Мота реши да го прекине молкот и да ја каже својата страна од приказната во опширното интервју за „Кориере дела сера“.

Поранешниот стратег на „старата дама“ се осврна на причините за отказот, односот со играчите, спортскиот директор Кристијан Џунтоли и медиумите кои ги обвинува дека шират невистини.

„Јувентус требаше да ми даде време. Иако е вистина дека последните два натпревари беа слабо одиграни, а раководството на клубот, на фер начин, избра друг пат. Не сакам да слушам разговори за неуспех. Го оставив тимот на само еден бод од четвртото место, што беше примарна цел на стартот на сезоната“, изјави Мота.

Се вчитува...