Мота: Моите играчи покажаа желба и глад за победа

Јувентус ја победи Верона и некако од втор план се приближи до водечките тимови и ја истакна кандидатурата за титулата. Тренерот Тиаго Мота е задоволен од играта на неговите пулени на синоќешниот меч.

Јувентус ја забележа петтата победа во низа во Серија А, што е убедливо најдолгата серија на „старата дама“ во првенствените натпреварувања оваа сезона.

„Ова се три важни бода против екипа која добро се брани. Се надевам дека некои играчи ќе ни се вратат во следните неколку дена и дека добро ќе се подготвиме за натпреварот против Аталанта, еден од најдобрите тимови во лигата. Создадовме многу, исто така многу промашивме, моравме да постигнеме повеќе голови во првото полувреме. Сепак, играчите уште еднаш покажаа карактер, глад и дека играат добар фудбал“, изјави Мота.

Се вчитува...