Откако последните денови се засилија шпекулациите за преселбата на тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини во Рома, сега на ред се оние кои предвидуваат кандидати за неговото место. Но, не е само главниот град кој е кандидат за неговиот потпис, бидејќи „Скај Италија“ објави дека 67-годишниот специјалист е интересен и за Милан и за Јувентус.
Гасперини се појавува како водечки кандидат да го замени Клаудио Раниери во Рома во идната 2025-2026 сезона. Тренерот на Аталанта, кој веќе најави дека нема да го продолжи договорот со Аталанта по 2026 година, можно е да замине уште по крајот на сезоната.
Според различни италијански извори, Раниери и директорот Флорент Гисолфи веќе разговарале со Гасперини. Изворот додава дека Гасперини е „име за кое сите се согласуваат“ во главниот град.
Според „Тутомеркато“, местото на Гасперини во Аталанта би можел да го преземе Тиаго Мота, неодамна отпуштен од Јувентус. Други потенцијални кандидати за клупата од тимот од Бергамо се Мауруцио Сари, Винченсо Италијано, Игор Тудор (ако го напушти Јувентус на крајот на сезоната) и Франческо Фариоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА