Мота: „Нема што да се извинам, ова не е најлош пораз на Јувентус“

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота не почувствува потреба да им се извини на навивачите по катастрофалниот пораз од Аталанта во Торино од 0-4.

Мота истакнува дека овој неуспех е различен од оној во Купот, каде по изведувањето на пенали беа елиминирани во четвртфиналето од Емполи.

„Мислам дека започнавме натпревар за кој знаевме дека ќе биде комплициран, против тим кој сакаше да ги искористи максимално нашите грешки“ – истакна Мота по мечот и дополни:

„Факт е дека пеналот, без да навлегуваме во детали за тоа колку беше контроверзен, беше болен момент. Ние сме млада екипа, се обидовме да го свртиме натпреварот и да се вратиме во игра, но оставивме простор зад себе. Се мачевме психолошки со првиот гол и станавме неурамнотежени, давајќи и на Аталанта уште повеќе простор да трча со играчи како Лукман. Но, да бидеме реални ова и не беше најлош меч за Јувентус, така да нема што повеќе да се разговара околу тежината на поразо“.

Ова беше само втор пораз сезонава за Јувентус, кој е четврти на табелата со 52 бода и во следната рунда ќе се соочи со Фиорентина.

Се вчитува...