Мота се поблиску до oтказ од Јувентус

Уште едно име е додадено на листата на кандидати кои би можеле да го заменат Тиаго Мота во Јувентус. Италијанските медиуми пишуваат дека тоа би можел да биде Роберто де Зерби, актуелниот прв човек на Олимпик Марсеј.

На Мота се тресе клупата по шокантното испаѓање од Купот на Италија на домашен терен против Емполи. Покрај тоа, „Старата дама“ беше елиминирана од Лигата на шампионите од ПСВ, додека во Серија А е на четвртото место со 49 бодови, што е осум помалку од лидерот Интер.

Де Зерби го привлече вниманието на себе во Брајтон, но и во Сасуоло. Со Марсеј во моментов игра доста добро. Да потсетиме, за местото тренер на Јувентус претходно се споменуваа Антонио Конте, Џанпјеро Гасперини, Игор Тудор, па дури и Роберто Манчини.

Се вчитува...