Јувентус уште еднаш во оваа сезона одигра нерешено. Денеска ремизираше против Торино 1-1 во градското дерби. Иако водеше, спеак, на крајот не успеа да дојде до победата.
Тиаго Мота, тренерот на Јувентус кој беше исклучен на тој натпревар, опиша што недостасуваше кај неговиот тим во овој меч.
„Игравме добро на почетокот на натпреварот. После голот премногу му дозволивме на противникот да се заканува со долги топки. Требаше да играме поагресивно. Вториот дел го почнавме добро, имавме шанси, создававме шанси но не реализиравме. Навистина имаме премногу нерешени средби, иако на многуте мечеви водевме. Во исто време имаме само два порази во 27 натпревари. Имаме многу млад состав, но и многу повредени. Но, ова не е оправдување“, рече тренерот на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА