Италијанските медиуми жестоко го критикуваат Јувентус по елиминацијата од ПСВ во Лигата на шампионите. Тие веќе не веруваат во квалитетите на Тиаго Мота, кој е на удар, и наводно добил ултиматум дека ако не го пласира тимот во ЛШ идната сезона, ќе добие отказ.
„Газета“ информира дека тренерот на Јувентус ги искарал играчите во петокот, и имал долг состанок со нив. Според извештајот, Мота анализирал бројни индивидуални и тимски грешки од дуелот со ПСВ, но имал и три клучни барања од тимот.
Мота им соопштил дека очекува поголем интензитет и повеќе трчање од своите играчи. „Газета“ информира дека и ситуацијата во соблекувалната на Јувентус не се идеални, со оглед дека Мота мора да ги „измазнува“ односовите со Мануел Локатели и Андреа Камбијасо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

