Јувентус продолжува со игрите топло-ладно, а тренерот Тијаго Мота се најде на удар откако „старата дама“ едвај ремизираше 2-2 против Парма, меч на кој гостите имаа неколку шанси да стигнат до победата.
Мота не го криеше разочарувањето од играта на својот тим, истакнувајќи дека е свесен што мора експресно да се промени за грешките да не се повторуваат во иднина.
„Премногу и дозволивме на Парма… ние исто така искреиравме многу шанси, но не смееме да му даваме на противникот да креира толку опасни ситуации од контранапади. Балансот е многу важна работа во фудбалот, а нам ни недостигаше токму тоа денеска. Правевме премногу грешки и во наша половина, но и пред противничкиот шеснаесетник, а Парма едвај чекаше да казни бидејќи има тим со исклучително опасни крилни фудбалери. Мораме да смениме некои работи во нашата игра, тоа е сигурно“, изјави Мота.
Јувентус по ова реми има 18 бода на четвртото место на табелата, со седум бода заостанување во однос на лидерот Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА