Мотив плус: Победа над Баерн му носи и нови договор и поголема плата на Инзаги

Интер со предност од 2-1 ќе го пречека Баерн Минхен во утрешниот реванш од четвртфиналето во Лигата на Шампионите. Самиот влез меѓу четирите најдобри клубови во Европа е мотив сам по себе, но тренерот Симоне Инзаги ќе има причина плус да „притиска“ за место во полуфиналето, бидејќи тоа ќе му донесе продолжување на договорот со „нероаѕурите“.

Весникот „Газета дело спорт“ повикувајќи се на извори од управата на клубот информира дека новиот договор за Инзаги е веќе подготвен, но истиот ќе биде потпишан само доколку Интер влезе во полуфиналето од ЛШ. Во спротивно, бидејќи актуелниот договор е валиден и за наредната сезона, „нероаѕурите“ ќе тактизираат и ќе је чекаат разврската на оваа, но и стартот на наредната сезона пред да донесат одлука за иднината на тренерот.

Инзаги е на чекор да освои ново скудето, но успех во Европа е она на што „нероаѕурите“ инсистираат, особено откако тимот пред две години несреќно го загуби финалето од Манчестер Сити. Пласман во полуфиналето е зацртана цел, а доколку тоа го оствари Инзаги ќе добие и зголемување на платата на седум милиони евра годишно, плус бонуси за секој освоен трофеј.

Се вчитува...