Пеко Бањаја ја продолжи доминацијата во Мото ГП шампионатот, откако шпанскиот мотоциклист во Австрија ја забележа својата трета победа во низа, вклучувајќи се во трката за титулата во генералниот пласман. Со денешниот успех, Бањаја стана прв мотоциклист на Дукати што врзал три победи во Мото ГП шампионатот по пауза од 14 години, откако тоа му појде од рака на Кејси Стонер.
Денешниот триумф воопшто не беше доведен во прашање, со оглед на фактот дека Бањаја уште на стартот се одлепи во однос на ривалите, потоа искусно чувајќи ја предноста до самиот крај. Одлично возење во Австрија имаше и Квартараро, кој успеа да ги мине Мартин и Милер и да се искачи на второто место.
Мартин немаше среќа, губејќи контрола над моторот при еден обид за претекнување, по што третото место на денешната трка му припадна на Милер.
Квартараро со 200 бода остана на чело на табелата во генералниот пласман, пред Еспаргаро со 168 и Бањаја со 156 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА