Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја триумфираше на трката за ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун. Возачот на Дукати така ја оствари четвртата победа во последните седум трка, а голема борба водеше со Маверик Вињалес, кој погреши во последниот круг и така му ја олесни работата.
Токму Вињалес заврши како втор, додека Џек Милер беше трет.
Жоан Зарко кој тргна од пол позицијата, на крајот не ја заврши трката поради тоа што излета уште во петтиот круг. После неговото излетување, водството го презеде Ринс, но беше нападнат од Бањаја и Милер. Недолго после тоа Вињалес го притискаше Бањаја, но на крајот немаше никакви шанси.
Квартараро имаше казна, додека Еспаргаро возеше повреден откако доживеа пад во саботата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА