Мото ГП: Довициозо најбрз во Брно, пред Лоренцо и пред Маркес

Андреа Довициозо на Дукати ја искористи пол – позицијата што ја имаше на трката во Брно и успеа да слави на Големата награда на Чешка во Мото ГП шампионатот. Во една интересна трка, тој стигна до втората победа оваа сезона, а на Дукати му донесе триумф во Брно по далечната 2007 година. Хорхе Лоренцо ја зголеми прославата со освојување на втората позиција во Брно, додека трет беше Марк Маркес.

На четвртото место се најде ветеранот Валентино Роси, кој во еден дел од трката беше и во водство, но не успеа да го издржи притисокот на конкурентите.

Наредната трка во Мото ГП шампионатот се вози во Австрија, на патеката „Ред Бул Ринг“, на 12 август.

 

Се вчитува...