Мото ГП е опасен спорт – тежок пад на Лоренцо во Тајланд (видео)

Хорхе Лоренцо реши и повреден да настапи на трката во Тајланд во рамките од Мото ГП шампионатот, но неговиот настап е сериозно доведен во прашање по тешкиот пад што се случи за време на денешниот втор слободен тренинг во пресрет на неделната трка.

Шпанецот загуби контрола над моторот, но при падот повторно настрада повредената нога, па останува да се види дали Лоренцо ќе биде во можност да се појави на квалификациите за пол-позицијата закажани за утре.

 

 

Се вчитува...