Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, ќе ја има најдобрата стартна позиција за утрешната трка од Мото ГП шампионатот во шпанскиот Арагон.
Тој во финишот од квалификациите успеа да забележи најдобро време и ги остави зад себе големите конкуренти, Андреа Довициозо и Марк Маркез. Тројцата фаворити за шампионската титула ќе бидат во првиот стартен ред.
Натпреварувањето во Арагон е 16. трка во „кралската класа“ сезонава. Марк Маркез во пресрет на трката е лидер во генералниот поредок со 212 бода, 67 повеќе од Довициозо. Со само три бода помалу од него, на третата позиција е Валентино Роси. Роси пак имаше лош настап во квалфикациите и забележа дури 18.време
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА