Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, ја освои пол – позицијата пред утрешната трка во Мото ГП за Големата награда на Сан Марино. Шпанецот го подобри и рекордот на патеката што беше во негова сопственост од 2016 година. Новото најдобро време изнесува 1:31.629 минути.
Второ време во квалификациите имаше Џек Милер, додека третата позиција му припадна на Маверик Вињалес.
Актуелниот светски првак, возачот на Репсол Хонда, Марк Маркес, падна во текот на квалификациите и на крајот имаше петто време. Траката за Големата награда на Сан Марино ќе се вози утре, со почеток во 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА