Мото ГП: Марк Маркез ја доби братката битка во Аргентина

Марк Маркез остана со максимален ефект и по вториот тркачки викенд во Мото ГП шампионатот откако шпанскиот ас по триумфот во спринтот, беше најддобар и на денешната трка за Големата Награда на Аргентина.

Со тоа, осумкратниот светскиот првак стигна до 90. победа во кариерата, израмнувајќи се со Анхел Нието на листата најдобри мотоциклисти на сите времиња. Пред нив се наоѓаат само Џакомо Агостини со 122 и Валентино Роси со 115 победи.

Денешната трка донесе возбудлива битка меѓу браќата Марк и Алекс Маркез. Интересно, Алекс беше лидер во голем дел од трката, но Марк успеа да го преземе водството во 18. круг  на крајот да стигне до победата.

Марк Маркез со максимални 74 бода е лидер во генералниот пласман, пред Алекс Маркез со 58 и Бањаја со 43 освоени бода.

Мото ГП шампионатот продолжува со трките во Остин, САД, закажани за викендот 28 до 30 март.

Се вчитува...