Мото ГП: Марк Маркез повторно е шампион (ВИДЕО)

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез ја одбрани титулата во Мото ГП шампионатот со триумфот на трката за големата награда на Јапонија. Тој направи и теоретски недостижна разлика пред едниствениот конкурнет, Андреа Довициозо кој не ја заврши денешната трка. На три трки пред крајот од сезоната, Маркез, на 102 пред Довициозо.

За Шпанецот ова е осма победа сезонава. Со неа ја завери седмата титула вкупно во кариерата, третата последовна во „.кралската класа“

Првата титула во Мото ГП шампионатот, Маркез ја освои во 2013 година во неговата дебитанстска сезона. На 25 години веќе има 5 трофеи освоени во само шест сезони во најсилната конкуренција.

 

 

 


 

Се вчитува...