Марк Маркез уште еднаш покажа дека е далеку пред ривалите сезонава во Мото ГП шампионатот откако Шпанецот без многу мака стигна до нова победа, овојпат на трката во Германија. За Макез ова беше десетта победа во мото-кариерата во Германија, уште еден доказ зошто оваа патека е една од најомилените на актуелниот светски шампион.
Тој водеше од почеток до крај, а триумфот во ниту еден момент не му беше доведен во прашање бидејќи Вињалес и Крачлоу ја завршијата трката на второто и третото место, со повеќе од шест секунди заостанување зад Маркез.
Со денешната победа шпанскиот мотоциклист уште повеќе се зацврсти на врвот во генералниот пласман, со дури 58 бода предност во однос на Довициозо на втората позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА