Мото ГП: Маркез триумфално во Сепанг, Роси ја испушти победата

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез е победник на претпоследната трка од Мото ГП шампионатот која се возеше за големата награда на Малезија на патеката во Сепанг. Шпанецот ја оствари деветтата победа сезонава, 70. во кариерата благодарение на тоа што профитираше од нетипичната грешка на Валентино Роси.

„Докоторот“ водеше од почетокот натрката, а се до 17. од 20. кругови и потоа излета од патеката со што му отвори шанса на Марекз да го помине и дури и да не мора да се бори за победата. Второпасиран трката ја заврши Алекс Ринс, а третото место му припадна на Жоан Зарко.

Роси имаше втора стартна позиција, додека Маркез тргна како седми поради казната што ја доби вчера во квалфикациите кога постигна најдобро време.

Последната трка од шампионатот е по две седмици во Шпанија. Уште од пред две трки во првенството нема неизвесност со оглед дека Маркез направи недостижна бодовна разлика пред конкурените и ја одбрани титулата.

 

Се вчитува...