Откако е откажана трета трка сезонава во Мото ГП шампионатот која требаше да се вози во Остин, од Дорна размислуваат за алтернативни опции, пренесуваат светските медиуми. По Катар во кој се возеа само трките од Мото 3 и Мото 2, како и Тајланд кој е комплетно откажан, трката во Остин за големата награда на САД исто така може да не се вози поради коронавирусот.
Сепак, од Дорна размислуваат трката за големата награда на САД да се одржи. Одложување на трката за ГН на САД не доаѓа предвид. Можно е наместо во Остин трката да се вози во Индијанаполис, патека на која за последен пат се одржа Мото ГП трка на 9. август 2015 година, а на неа славеше Марк Маркез.
Индијанаполис во календарот беше во периодот од 2008 до 2015 година, а прв победник на патеката беше Валентино Роси кој во тој момент беше дел од Јамаха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА