Мото ГП нема да се вози во Валенсија

Големата награда на Валенсија на трката „Рикардо Тормо“, беше откажана по катастрофалните поплави во кои животот го загубија повеќе од 200 луѓе.

Дорна и ФИМ ја донесоа одлуката на состанокот на комисијата за безбедност на тркачката патека Сепанг во Малезија.

ГН на Валенсија требаше да се вози на 17. ноември, и тоа да биде последна трка на програмата. Сега раководството е во дилема да се одржи трка на некое друго место.

Оваа година откажани беа и трките во Аргентина, Казахстан и Индија.

Огромните поплави ја уништија и дел од патеката во Валенсија, па од тука организаторите се одлучија да не се вози.

Се вчитува...