Новата сезона во Мото ГП шампионатот и официјално стартуваше утрово со спринт-трката во Тајланд, носејќи бројни возбудувања и контроверзен финиш во кој беше вклучен и актуелниот првак Марк Маркес. На крајот, на триумф се радуваше Педро Акоста, за кого ова беше дебитантска победа во Мото ГП, како најава за зголемените амбиции со кои овој мотоциклист ќе влезе во новата сезона.
Трката беше драматична, кулминација беше битката меѓу Акоста и Маркес за првото место во последните неколку кругови. Во последниот круг Маркес конечно успеа да дојде на чело, но тоа го стори со маневар со кој го истурка Акоста од патеката. Стјуардите веднаш реагираа и му наложија на Марк да ја врати позицијата, по што тој немаше време до крајот за нов маневар, па Акоста се радуваше на победата.
Третото место во oвој спринт му припадна на Раул Фернандез, а за одбележување е дека Бецеки, кој тргна од пол-позицијата, не ја заврши трката откако излета од патеката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

