Новата сезона од Мото ГП шампионатот стартуваше со спектакуларна трка во Катар, во која Андре Довициозо во неверојатна битка успеа да го победа актуелниот светски првак Марк Маркез.
Италијанскиот мотоциклист водеше во поголемиот дел од трката, но вистинската драма се случи во последниот круг. Маркез поведе на два круга до крајот, но на почетокот од последниот круг Довициозо успеа да се врати на чело на колоната.
Шпанецот му дишеше во врат на лидерот, а при последните пет свиоци Маркез два пати успеваше накратко да го мине Довициозо, но Италијанецот експресно се враќаше на првото место. На крајот, се влезе во „фото-финиш“ на стартно-целната рамнина, во кој Андреа Довициозо ја задржа минималната предност и за 23 илјадити делови од секундата успеа да го победи акутелниот светски првак.
Место на подиумот имаше и за Крачлоу, а за одбележување е одличната трка на Валентино Роси, кој заврши на петтата позиција иако ја стартуваше трката од 14. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА