Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, ќе ја има најдобрата стартна позиција на утрешната трка за Големата награда на Чешка во Брно од Мото ГП шампионатот.
Италијанецот за првата пол позиција сезонава стигна пред ветеранот Валентино Роси кој во последниот круг од квалификациите го презеде вторто место од големиот ривал, Марк Маркез. За Довициозо ова е прва пол позиција по трката во Малезија во 2016 година.
Во вториот стартен ред ќе бидат Хорхе Лоренцо, Кал Крачлоу и Данило Петручи.
Во пресрет на трката во Брно, кој е десетта од Мото шампионатот, Маркез има 46 поени предност пред Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА