Мото ГП: Поради пандемијата од коронавирусот и годинава нема да се вози во Тајланд

Светскиот шампионат во мотоциклизам и во 2021 година нема да го посети Тајланд, поради пандемијата од коронавирусот. Трката на патеката Буримару требаше да се вози на 17. октомври, но таа е откажана.

По Финска, Јапонија и Австралија трката во Тајланд е четвртата која е откажана сезонава. Главен проблем се рестрикциите кои постојат во оваа земја, а се поврзани со пандемијата од коронавирусот.

Од Дорна пренесуваат дека ќе се обидат да најдат замена за трката во Тајланд.

 

Се вчитува...