Фабио ди Џанантонио е победник на денешната трка од Мото ГП шампионатот што се возеше во Катар, прв тримф на овој италијански мотоциклист во најквалитетниот ранг на натпреварување.
Ди Џанантонио, кој се уште е без ангажман за следната сезона, му ја донесе втората победа по ред на својот тим Гресини, откако лани тоа му успеа на Бастијанини. Тој извозе извонредно од почеток до крај, искачувајќи се на највисокото емсто на пиедесталот пред Франческо Бањаја додека третото место на подиумот му припадна на Лука Марини.
Денешната трка донесе огромна предност за Бањаја, ако се знае дека неговиот главен ривал за титулата, Хорхе Мартин, заврши на десеттата позиција. Така, Бањаја сега има дури 21 бод повеќе во однос на Мартин во генералниот пласман, во пресрет на последната трка што следниот викенд ќе се вози во Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА