Марк Маркез победи на денешната трка за ГН на Франција што се возеше на патеката „Ле Ман“, трет триумф во низа на актуелниот првак во Мото ГП шампионатот.
Шпанецот извозе одлична трка, но во прилог му одеа и незгодите на ривалите. Така, по само неколку круга лидерот Довициозо излета од патеката, за нешто подоцна и Зарко да се најде „во аут“, и тоа во моментите кога беше второпласиран, а Маркез се наоѓаше на третата позиција. Светскиот првак подоцна се искачи на првото место и со доминантно возење да стигне до нова победа, вкупно 38. во неговата кариера.
Второто место денеска во Франција го освои Данило Петручи, додека третопласиран беше Валентино Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА