Раководството на најбрзите мотоциклисти во светот објави дека караванот Мото ГП од следната година повторно ќе биде во Унгарија.
За разлика од изданијата во 1990 и 1992 година, кога возачите продефилираа низ Хунгароринг во близина на Будимпешта, новото издание на Унгарското ГП ќе се одржи на тркачката патека Балатон парк, покрај истоименото езеро и најголемото езеро во оваа Унгарија.
Ова ќе биде дополнително проширување на трките кон централна Европа, бидејќи на крајот на август беше најавено дека трката за ГН на Чешка ќе се врати во календарот по 2020. Брно ќе биде домаќин на учесниците на Светскиот шампионат во мотоциклизам од 2025 до 2029 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА